Сведоштва на деца
Во овој дел, ќе најдете сведоштва на деца кои настрадаа како резултат на војната од големи размери: повредени, убиени, киднапирани или приведени од страна на руските трупи и претставници на окупаторските власти. Во овој дел исто така се објавуваат и материјали за успешно враќање на деца и нивно повторно обединување со нивните роднини по илегалната депортација во русија и република белорусија или по принудното преселување на привремено окупираната територија на Украина.
Почитувани претставници на медиумите!
Сите интервјуа со жртвите беа внимателно подготвени и спроведени под водство на детски психолог од страна на тим од професионалци максимално земјќи ги предвит на интересите на детето.
Можете да ги користите сите материјали во целост или делумно за објавување во вашите публикации или при производство на сопствени информативни производи. Сепак, овие материјали се создадени специјално со цел да се ограничи комуникацијата на жртвите за трауматичното искуство низ кое поминале, да се избегнат повторените интервјуа и на тој начин да се заштитат децата и нивните роднини од ретрауматизација.
Нагласуваме дека е дозволено користење на сите фото, видео и текстуални материјали од делот „Сведоштва на деца“ под услов задолжително наведување како извор на државниот портал за барање на деца „ДЕЦА НА ВОЈНАТА“ https://childrenofwar.gov.ua
Одгласите на ѕверството: детство растргнато од ВОЈНА
„Одгласите на злосторството: детство уништено од ВОЈНА“ е привлечен документарен филм кој ги открива воените злосторства на Русија врз невините украински деца, произведен од Претседателскиот советник-комесар за правата на детето и рехабилитација во партнерство со проектот SURGe, финансиран од Канада. Преку моќното раскажување, ја разоткрива неискажливата траума нанесена на овие млади животи, расветлувајќи го шокантното непочитување на правилата и моралните граници во немилосрдната руска агресија што се развива во Европа. Филмот има за цел да ја повика Русија одговорна и да добие меѓународна поддршка за спасување и рехабилитација на децата погодени од руската војна против Украина. Според државниот портал „ДЕЦА НА ВОЈНАТА“, заклучно со октомври 2023 година: 1.136 деца биле повредени како резултат на руската војна против Украина, 29 деца претрпеле ампутации на горните, долните или двата вида екстремитети како резултат на повреди, 508 децата ги загубија животите како директен резултат на воените дејствија на Русија на украинска територија.
Илја, 11 години, Мариупол
Илја е дете кое доживеало многу болки во својот краток живот. Кога неговиот роден град Мариупол бил безмилосно гранатиран од русите, мајка му починала од шрапнел, а момчето добило многу рани од шрапнел. Окупаторите го однеле во болница во Донецк, каде што претрпел уште поголема физичка и душевна болка. Операцијата за отстранување на шрапнелот од неговата нога, тогаш имал 9 години, била извршена без анестезија. Возрасните му се потсмеваа, велејќи дека сега детето не треба да вели „Слава на Украина“, туку „Слава на Украина како дел од русија“ и го принудуваа да пишува на руски јазик. Но, и покрај неговата млада возраст, момчето храбро ги издржа сите овие потсмевања. Благодарение на голем тим од владини и невладини структури и организации, во тесна соработка со бабата на момчето Олена, Илја успешно беше вратен од депортација. Моментално, момчето е на рехабилитација и сонува да стане лекар „да биде ист како и нашите момчиња на фронтот, борбените медицински лица и обичните – тие се вистински херои“.
Саша, 7 години, Одеса
7-годишната Саша е едно од повеќе од илјада деца кои беа повредени како резултат на руските воени дејствија на територијата на Украина. Непријателска ракета ја погодила куќата во која живееше девојчето со родителите. Со бројни повреди Саша била пренесена во локална медицинска установа, но заклучокот на лекарите бил разочарувачки – на детето морало да му се ампутира долниот екстремитет. Потоа – 7 месеци рехабилитација, 2 протези и уште многу болки и солзи. Но, ниту ова не го спречи девојчето да го прави она што најмногу ѝ се допаѓа – да се занимава со гимнастика. Сепак, мајката на Саша признава, животот сега е постојана борба која останува позади кадар и наградите.
Документарен проект „Осакатено детство“
Ова е научно-психолошка студија на тимот на украинскиот независен медиум online.ua за моменталната ситуација во врска со присилната депортација и киднапирање на украински деца од страна на руската федерација од привремено окупираните територии на Украина. Проектот ги раскажува вистинските приказни за децата и нивните семејства кои настрадале како резултат на руската војна против Украина, содржи коментари на научници, психолози, адвокати и водечки експерти за заштита на правата на децата. Проектот документира сведоштва за воени злосторства извршени од страна на рф против Украинците. Користењето на филмот е предмет на претходен договор со авторите.
Андриј, г. Бровари
Уште во првите денови од инвазијата од големи размери, тој и неговите родители си отишле од Бровари во Чернигивската област. На патот ги пресретнал конвој тенкови на руски трупи. И еден од оклопните транспортери го здробил автомобилот во кој било целото семејство на момчето. Кога слушнале дека момчето е живо, окупаторите го извлекле од автомобилот и го оставиле на страната на патот. И пукале пред негови очи во резервоарот за бензин на автомобилот. Андријко е сигурен дека мајка му била жива во автомобилот, бидејќи не видел никакви повреди на нејзиното лице и тело. За жал, момчето сè уште не може да разбере дека неговите родители починале. Сега Андријко живее во Бровари со својата постара сестра, која го презела старателството над братот.
Богдан, 8 години, г. Бахмут
Неговите родители биле убиени од непријателско убојно средство токму на градската улица. Мајката на момчето тогаш била бремена во седмиот месец. Во тоа време Богдан бил кај соседката и кога сите заспале, тој ноќта го земал велосипедот и отишол на местото на тој страшен настан да ги види своите родители. Малото срце одби да верува дека мама и тато повеќе ги нема. Телата на неговите родители останале да лежат на улица неколку дена, а не било можно веднаш да се закопаат поради постојаното гранатирање. Богдан бил спасен од службениците за спроведување на законот. Дошле кај момчето, му ги собрале работите, го евакуирале од жариштето, го нахраниле и го забавувале. Момчето било преплашено и во очај од веста за смртта на неговите родители.
Дима и Ања, 12 години, с. Јагидне од Чернигивската област
Дима и Ања од селото Јагидне, Чернигивската област, се пријатели и соседи. Тие беа меѓу 380-те луѓе кои окупаторите ги собрале и ги држеле во подрум. „Јагидне е мало село, има пет улици и сите се познаваат меѓу себе“, вели Ања. „Во одделението имав само три деца“, додава Дима.
Русите поставиле штаб во локалното училиште, во чијшто подрум ги сместиле сите жители на селото. 380 луѓе поминале 28 дена во тесен подрум без можност за слободно движење. „Тие се забавуваа кога пукаа во нас и бевме исплашени“.
Наместо тоалет, имале една кофа за секого. На ѕидот бил испишан список на луѓе кои починале од задушување или биле застрелани. Мајката на Дима им пришла на Русите со молба да ѝ дадат парче леб или да ја застрелаат. Затоа што беше неподносливо да се гледа како нејзините деца гладуваат. Ања и Дима сега учат да се борат со своите стравови и да сонуваат. Дима сака да стане фотограф, а Ања – војник.
Маргарита, г. Мариупол
“Зборувам со тато низ прозорецот. Дали тој ме слуша?” Марго од Мариупол одеднаш ги изгубила речиси сите свои најблиски: татко ѝ, брат ѝ, двете баби, вујкото, кумовите. Од 12-те лица кои биле во приватната куќа која била погодена од убојно средство, тројца преживеале. „Бев во шок, но не плачев“. Маргарита поминала рехабилитација, знае што ја смирува, комуницира со психолози како возрасна и сонува да биде детектив. Таа се сеќава на паркот „Веселка“(прев. виножито) во Мариупол, каде што секогаш било забавно. Се сеќава како нејзината баба ја научила да чита. И иако ниту нејзиниот роден град ниту нејзиниот роден народ не можат да ја завиткаат Марго во своите прегратки, таа посакува другите украински деца да бидат среќни и да продолжат да живеат.
Савелиј, 10 години, г. Ирпин
Савелиј има 10 години. Пред една година во војната го загубил својот татко, кој доброволно се пријавил да го брани родниот град. Заедно со татко му, чичкото и братот на Сава отишле на фронтот. „Јас и мајка ми се криевме во гаражата и гледавме како ракети летаат од Буча до Ирпин, од Ирпин до Буча.“ Еден ден, Савелиј и неговата мајка добиле телефонски повик од брат му. „Тој вели: „Јас сум ранет, чичо е ранет, а тато…“. Самиот погодив дека татко ми почина“. Телото на таткото на Савелиј не можело да биде однесено 10 дена, бидејќи се воделе тешки борби. „Како дете сакав да бидам стоматолог, доктор. А сега, откако почина татко ми, одлучив да станам војник“. Ние не можеме да го промениме минатото на овие деца, но нашата иднина е со нив.
Превоспитување на децата во кампови (окупираниот Крим)
Русите под маската на рехабилитација ги носеле децата од Херсон. Родителите биле принудувани да ги испратат своите деца во кампот, ветувајќи патување од само 2 недели. Десетици автобуси се упатиле кон окупираниот Крим. Според очевидци, само во трите кампа „Мрија“, „Дружба“ и „Променистиј“ имало илјадници деца:. Во септември-октомври 2022 година, Виталиј, Жења, Таја, Дајана и уште две девојчиња, кои побараа да не бидат именувани, дошле на т.н. рехабилитација. Тие зборуваат за тоа дека во кампот Русите ги исмевале децата и ги понижувале врз основа на нивната националност. Оние кои изразувале проукраинска позиција биле затворени во подрум или во изолација. На децата им беше забрането да зборуваат на украински јазик, наместо тоа ги принудувале да ја слушаат руската национална химна, да учат руски патриотски песни, да работат. Најмалку пола година ги лажеле дека родителите ги напуштиле и воопшто, велеле дека наводно повеќе не се потребни во Украина. Уште колку киднапирани деца останаа на окупираниот полуостров засега не е познато.
Виталиј, 14 години, с. Киселивка, Херсонска област
14-годишниот Виталиј и неговиот 27-годишен вујко Олексиј биле заробени во септември 2022 година, кога излегле на прошетка во нивното родно село Киселивка, во Херсонската област. Русите, кои ги пресретнале момчињата на пат, најпрвин ги тепале вадејќи им ги чевлите за да не можат да побегнат; потоа ги фрлиле во јама со црева, им се заканиле дека ќе фрлат граната и ќе ги закопаат во неа, ќе ги застрелаат, а за сето време го понижувале како тинејџерот, така и возрасниот маж. Во комората за мачење на ФСБ, роднините биле разделени, двајцата биле изгладнувани и испрашувани. Виталиј бил во мала, ладна туш кабина во подрумот, каде што седеле повеќе од 10 приведени Украинци. Момчето гледало и слушало како Русите малтретирале други мажи. Полуживи и крвави тие се вратиле од маченичката комора. Кога родителите ги виделе Виталиј и неговиот вујко по ослободувањето, момчињата биле ужасно слаби. Олексиј, 27-годишниот вујко на Виталиј, се вратил дома седокос.
Владислав, 16 години, г. Мелитопол
Влад беше во заробеништво цели 90 дена: од април до јули 2022 година. Момчето било приведено за време на евакуација на цивили по таканаречениот „хуманитарен коридор“ од Мелитопол до Запорижја. Русите го ставиле во самица и го принудиле да ја чисти комората за мачење натопена со крв. За време на целиот период на притвор кај Влад сместиле уште само еден заробеник, 24-годишен млад човек. Кога неколку дена подоцна, поради тортура тој решил да се самоубие и си ги пресекол вените, Влад морал внатрешно да се помири со самоубиството што го видел, а надворешно да го смирува Украинецот, помагајќи му да си „замине“. Според Влад, кога поминал првиот месец од притворот, му умрела надежта дека жив ќе излезе од истражниот затвор. Во моментот на заробувањето, момчето имало само 16 години.
Сашко, 12 години, г. Мариупол
Русите ги заробиле 12-годишниот Сашко и неговата мајка Снижана во Мариупол во март 2022 година. Во кампот за филтрирање тие биле разделени, не дозволувајќи им на најблиските да се збогуваат еден со друг. Сашко бил испратен во болница со повреда на окото. Подоцна, рекле дека ќе биде сместен во сиропиталиште додека не биде посвоен од руско семејство. Сепак, благодарение на храброста на момчето, напорите на неговата баба Људмила и координираната работа на голем тим од владини и невладини структури и организации, тој успешно беше вратен на територијата контролирана од Украина. Се уште не е позната судбината на мајката на Сашко.